Образување обична множина со наставката -и кај именките од машки род
Александра Танеска, Благојка Здравковска-Адамова
E-mail: [email protected], [email protected]
АПСТPАКТ
Во рамките на овој текст се дава анализата на употребата на формите за обична множина со наставката -и кај именките од машки род. Нашата цел е, базирајќи се на претходните фрагментирани истражувања за ова прашање, да дадеме покомплетна и посистематска анализа. Преку добиените резултати појасно ќе биде претставена моменталната состојба во однос на обичната множина кај именките од машки род и во однос на морфонолошките промени што настануваат притоа. Анализата ќе биде направена врз основа на завршокот на именките (-ин, ец, -ел, -ен, -ер, -ам, -ар, -ол, -ок), а притоа ќе биде земен предвид и соодветниот завршок на некои од овие именки во страословенскиот јазик.
Клучни зборови: Обична множина, именки од машки род, Македонски јазик
ABSTRACT
This article reviews the use of regular plural forms at masculine nouns with the suffix -i in Macedonian. Our goal is, based on previous fragmented studies of this material, to give a more complete and systematic analysis. Through the gathered results the current situation regarding regular plural at masculine nouns and morphophonological changes will be clearly presented. The analysis will be based on the ending of the nouns (-in, ec, -el, -en, -er, -am, -ar, -ol, -ok), and thus will be considered also appropriate ending to some of these nouns in Old-Slavic language.
Key words: regular plural, masculine nouns, Macedonian
ВОВЕД
Целта на нашето истражување е да ја претставиме состојбата во однос на образувањето обична множина кај именките од машки род со наставката -и.Анализата е направена врз основа на Правописниот речник на македонскиот јазик од 1999. Притоа ќе се направи и поврзување со старословенскиот јазик.
Именките од машки род во македонскиот јазик
Општите именки од машки род во еднина најчесто завршуваат на согласка. Оние општи именки коишто означуваат лице завршуваат или на карактеристичниот завршок за именките од овој род, односно на согласка (работник, студент, ученик), или на -а (судија, владика, слуга), а мал број примери завршуваат на -о (стрико, татко, дедо) и на -е (вујче) кои означуваат роднински врски и имаат природен машки пол. Овие завршоци ги имаат и галовните имиња (тате, бате). Тоа значи дека ако се јави противречност меѓу завршокот (-а е карактеристичен завршок за именките од женски род, а -е и -о се карактеристични завршоци за именки од среден род) и природниот пол, тогаш определувањето на граматичкиот род се врши според полот, па затоа овие именки и покрај тоа што го немаат карактеристичниот завршок за именките од машки род, бидејќи се однесуваат на лица од машки пол, се од машки род.
Именките со кои се именуваат месеците се од машки род. Ова се однесува и на оние кои завршуваат на -и: јануари, февруари, јуни, јули.
Кај именки од туѓо потекло како завршоци се јавуваат и -о (макрó, папарако или папарацо, маестро) и -е (аташе, конферансие, крупие, протеже), а ретки и некарактеристични за македонскиот јазик се именки од машки род кои завршуваат на -и (кули) и -у (гуру). Некои од овие именки сè уште не се стабилизирани како именки од машки род.
Одделни именки со граматички машки род се однесуваат и на лица од женски пол (возач, научник, ректор), иако во последно време кај некои од овие именки се инсистира на употреба на формите за женски род и тие стануваат сè повообичаени.
Обичната множина кај именките од машки род, освен со наставката -и се образува и со следниве наставки: -ови (-еви), -вци/-овци (-евци), -ишта.
Образување обична множина со наставката -икај именките што завршуваат на согласкаСо наставката -и обична множина образуваат најчесто двосложните и повеќесложните именки. Оваа наставка е континуант на истата наставка кај именките од некогашните о-, јо- основи. Најчесто се додава директно на еднинската форма на именката: авион - авиони, братучед - братучеди, директор - директори, пријател - пријатели, раководител - раководители, телохранител - телохранители.
Од именката човек има суплетивна множинска форма луѓе, а дијалектно се среќава човеци.
Поретко множинската наставка -и се среќава и кај едносложните именки:внук - внуци, волк - волци, заб - заби, прст - прсти, ’ рбет - ’рбети, коњ - коњи, маж - мажи, крак - краци, пцост - пцости, црв - црви, како и кај етнонимите:Влав - Власи, Чех - Чеси, Келт - Келти.
Во народната поезија се забележуваат извесни поместувања на множинските форми. Блаже Конески (1971) проучувајќи го јазикот на народната поезија, меѓу архаичните морфолошки особености ја наведува и „упадлива(та) множина на -и од едносложните именки од машки род. Додека современиот јазик ја избира во тој случај наставката -ови (во варијанти), а само кај мал број такви именки ја задржува множината на -и (заби, прсти, мажи и др.), во поетскиот јазик се старите форми многу поообични...“ Како примери ги наведува: друми, снеги, дари, столи, двори, ножи, дими и др. Конески (1971) смета дека „ваквите форми, поради својата краткост, се чувствувале како погодни конструктивни елементи во поетскиот јазик.“
Обична множина со наставката -и образуваат и некои едносложни именки од туѓо потекло: вергл - вергли, верс - верси, волт - волти, ген - гени, инч - инчи, јард - јарди, јон - јони, троп - тропи, њутн - њутни, факт - факти, цент - центи.
Некои од овие именки се среќаваат во практиката и со наставката -ови (-еви): (на пример: њутнови), а во Правописниот речник (Конески, 1999.) се дозволуваат и формите со множинската наставка -и.
Губењето и вокализацијата на еровите довеле до појава на т.н. „подвижни“ вокали во извесни морфеми (Конески, 1967), па во некои случаи дошло до аналогни израмнувања на формите.
Кај именките подвижни вокали во коренот на зборот има кај:
- ден - дни (дните, дниве, два дни, неколку дни). Како пообични се јавуваат формите со постојано -е: денови, два дена.
- пес - пци. Во множинската форма има развој на африкат од фрикативна согласка. Меѓутоа во формата за избројана множина (два) песа и во придавските форми песји, песја, песјо, вокалот е не е подвижен, односно се задржува во коренската морфема.
- сон(от) - сништа. Во оваа множинска форма се губи непостојан вокал, а паралелно со оваа множинска форма се употребува и множинската форма со востановен вокал соништа.
- старец - старци. Промените што настанале со губењето на еровите во слаба позиција придонеле за појава на вторични непостојани вокали и се создале вакви односи (подолу се наведени повеќе примери).
Промени при образување множина со наставката -иВо многу случаи кај именките од машки род множинската наставка -и не се додава директно на еднинската форма на именката, туку на нејзиниот основен коренски дел, при што настануваат фонетски и морфонолошки промени.
Именки што завршуваат на –инИменките што завршуваат на -ин, а имаат словенско потекло (римлѣанинъ, господинъ, гражданинъ) во старословенскиот јазик влегувале во групата именки со основа на -о. Кај овие именки при образување множина овој завршок (-инъ) се отфрлал (гражданинъ - граждане).
Во македонскиот јазик кај именките што завршуваат на -ин (кај некои од нив може да има и скратена форма, односно без овој завршок), а означуваат припадност на некоја народност, вера или на жител, овој завршок (-ин) се испушта, па се додава множинската наставка -и: Србин - Срби (исто ивеликосрбин - великосрби), Французин - Французи, Русин - Руси, Бугарин - Бугари(исто и великобугарин - великобугари), дебранин - дебрани, Татар(ин) - Татари, Евреин - Евреи, христијанин - христијани, варвар(ин) - варвари, државјанин - државјани, граѓанин (со значење жител на држава, како и другите образувања од оваа именка: малограѓанин - малограѓани, сограѓанин - сограѓани) - граѓани.
Меѓутоа, од Латин множинската форма е Латини, од Абориџин (домородец) – Абориџини, односно не се испушта завршокот -ин.
Од Турчин множинската форма е Турци: (Јанке, бегај, бегај, Турци... (ИТ, П)).
Кај именките што означуваат професија, а во еднина завршуваат на -ин, во множина овој завршок се испушта, па се додава множинската наставка -и.
Во однос на еднинските форми има именки кои се јавуваат само со полните форми (го чуваат завршокот -ин): дворјанин - дворјани, државјанин - државјани, полјанин - полјани и именки кои во еднина се јавуваат и со полната и со скратената форма: аргат(ин) - аргати, гаваз(ин) - гавази, телал(ин) - телали, татар(ин) - татари, тиран(ин) - тирани, иако се повообичаени скратените форми.
Бројот на именките кои означуваат професија, а кои завршувале на -ин, порано бил поголем. Денеска повеќето од нив се употребуваат без овој завршок (само со скратената форма): бербер - бербери, бакал - бакали, коњар - коњари, овчар - овчари, болјар -болјари, односно веќе се исчезнати полните форми на овие именки (берберин, бакалин, коњарин, овчарин, болјарин).
Кај именките рабин и домаќин множинската наставката се додава директно на основата: рабини, домаќини.
Скратување на основата при образување множина има и кај именките:гостин - гости, земјанин - земјани (туѓоземјанин - туѓоземјани), каурин - каури, мирјанин - мирјани, паганин - пагани, рајатин - рајати, саботјанин - саботјани, самарјанин - самарјани, стопанин - стопани.
Кај другите именки кои завршуваат на -ин, а не се од словенско потекло, не настануваат промени - множинската наставка се додава директно на еднинската форма: витамин - витамини, мезанин - мезанини, пингвин - пингвини, термин - термини, токсин - токсини.
Како исклучок се јавува множинската форма од именката господин, која гласи господа.
Испуштање вокали (редување на вокал со фонолошка нула) во завршокот на именката при образување обична множина со наставката -иИспуштање на вокалот еИменки што завршуваат на -ецНаставката -ец (во старословенскиот ьць, на пример: отьць, старьць) во множина кај некои именки целосно се губи, а кај некои го губи само непостојаниот вокал од овој завршок.
Кај општите именки што завршуваат на -ец, а означуваат жител на град или село, овој завршок се испушта: граѓанец (жител на град) - граѓани (има иста множинска наставка со граѓанин), селанец - селани (соселанец - соселани), скопјанец - скопјани, велешанец - велешани, новосаѓанец - новосаѓани, парижанец - парижани, женевјанец - женевјани, московјанец (може и московјанин) -московјани.
Кај оние именки што означуваат народност, а завршуваат на -ец при образување множина се јавуваат два случаја.
Кај едни доаѓа до испуштање на самогласката е од завршокот и потоа се додава множинската наставка -и на именката: Македонец - Македонци, Иранец - Иранци, Израелец - Израелци, Италијанец - Италијанци, Либанец - Либанци, Мексиканец - Мексиканци, Непалец - Непалци, Индијанец - Индијанци.
Кај други, при образување множина се губи целиот завршок -ец, а потоа се додава множинската наставка -и: Алзашанец - Алзашани, Војвоѓанец - Војвоѓани, Канаѓанец - Канаѓани, Ирачанец - Ирачани, Лаошанец - Лаошани.
И кај општи именки кои завршуваат на -ец, исто како и кај некои од именките кои означуваат народност, при образување множина се испушта вокалот е од завршокот: борец - борци, венец - венци, илегалец-илегалци, конец - конци, лисец - лисци, ловец - ловци, молец - молци, никулец - никулци, палец - палци, певец - певци, отец - отци, светец-светци, странец-странци, старец-старци, скакулец - скакулци, скопец - скопци, чудотворец-чудотворци, штурец - штурци.
Во поезијата на Славко Јаневски забележавме примери со востановено е во множина кај именки кај кои според Правописниот речник овој вокал се испушта: (Осум лути стареци / пасат осум јареци. (СЈ, ОП)). Вокалот не се испушта заради запазување на ритмиката на песната.
Меѓутоа, ако пред завршокот -ец има согласна група, не се испушта вокалот е бидејќи ќе се добие согласна група тешка за изговор. Бројот на именки (во Правописниот речник) со востановено е во оваа морфема во множина е ограничен само на девет именки: бодлец - бодлеци, жрец - жреци, итрец - итреци, кострец - костреци, месец - месеци, мудрец - мудреци, никаквец - никаквеци, острец - остреци, подлец - подлеци.
Кај Видое Подгорец среќаваме уште една именка храбрец со востановено ево множина: (Секоја вечер со двајцата храбреци одеа да го калат својот челик по два-тројца питомци. (ВП,БЦ)). Оваа именка не е наведена во Правописниот речник.
Кај именките кои имаат самогласка пред завршокот -ец, во множина има алтернација на е во ј: венециец - венецијци, водолиец - водолијци, убиец - убијци, марсеец - марсејци, полицаец - полицајци.
Именки што завршуваат на -елВокалот е се испушта и во некои множински форми на двосложните именки што завршуваат на -ел (во старословенскиот -ьлъ, на пример: котьлъ):орел-орли, чешел-чешли, чевел-чевли, кабел - кабли, факел - факли, котел - котли, вител - витли, дикел - дикли, кракел - кракли, коцел - коцли, кутел - кутли, кобел - кобли, петел - петли, прцел - прцли, сврдел - сврдли.
Вокалот е се задржува во множинските форми на именките кои завршуваат на -ел, а се образувани од глаголска основа: мислител - мислители, предел - предели, оддел - оддели, раздел - раздели, раководител - раководители, слушател - слушатели.
Вокалот е се чува и кај други двосложни именки кои завршуваат на -ел:ангел - ангели, жител - жители, мотел - мотели, панел - панели, темел - темели, хотел - хотели.
Причината за појавата на овие двојности се бара во историјата, односно вокалот е кој се испушта во множинските форми потекнува од некогашниот вокал ь, па така формата од именката котел во старословенскиот била котьлъ, а од жител била жителъ, од ангел - ангелъ. Станува збор за наследена појава во нашиот јазик, па затоа само на ниво на денешната состојба не можеме точно да разграничиме кога се испушта вокалот е во множинските форми, а кога останува.
Именки што завршуваат на -енКај некои двосложни именки што завршуваат на -ен во множинските форми се испушта вокалот е: гребен - гребни, ражен - ражни, овен - овни, пламен - пламни, сажен - сажни, а кај некои оваа самогласка останува: корен - корени, костен - костени, орден - ордени, ремен - ремени, спомен - спомени, стршен - стршени. А од именката стремен ги има и двете множински форми: стремени истремни.
Кај именката камен денеска нема форма за обична множина (порано се употребувала камни), а се среќаваат само форми за збирна множина: камење, камења и за избројана множина (два) камена.
Истото е и кај именката трн. И кај оваа именка како да се загубила формата за обична множина, па денеска се употребуваат само формата за избројана множина (два) трна и формата за збирна множина трње/трња.
Благоја Корубин (1976) пишува за постепеното подзаборавање и извесна необичност на формите за обична множина кај некои од овие именки, кои најчесто, поради природата на тоа што го означуваат се јавуваат во форма на збирна множина.
Кај повеќесложните именки од туѓо потекло кои завршуваат на -ен при образување множина се додава множинската наставка -и без промени, односно не доаѓа до испуштање на вокалот е: гамен - гамени, доајен -доајени, манекен - манекени.
Именки што завршуваат на -ерВокалот е од последниот слог на именките се испушта и кај некои зборови од туѓо потекло што завршуваат на -ер: арбитер - арбитри, габер- габри, диоптер - диоптри, магистер - магистри, министер - министри, олеандер - олеандри, саламандер - саламандри, скафандер - скафандри, филистер - филистри, филтер - филтри.
Тоа не е случај со именките коишто завршуваат на -нер: келнер - келнери, магационер - магационери, милиционер - милиционери, колекционер - колекционери, револуционер - револуционери, рецепционер - рецепционери, меѓутоа и со некои други именки: актер - актери, аматер - аматери, волонтер - волонтери, глечер - глечери, кипер - кипери, мидер - мидери, мисионер - мисионери, молер - молери, рихтер - рихтери, џемпер - џемпери, шаржер - шаржери.
Испуштање на вокалот аИменки што завршуваат на -амКај повеќето именки што завршуваат на -ам при образување множина доаѓа до испуштање на вокалот -а од овој завршок, па така: алгоритам - алгоритми, архаизам - архаизми, афоризам - афоризми, балканизам - балканизми, европеизам - европеизми, организам - организми, плеоназам - плеоназми, ритам - ритми, сарказам - сарказми. Меѓутоа, кај мал број именки кои го имаат завршокот -ам, во множинската форма се чува вокалот -а од овој завршок: автограм -автограми, амалгам - амалгами, балсам - балсами, дијаграм - дијаграми.
Именки што завршуваат на -арИспуштање на вокалот а при образување множински форми се среќава кај некои именки кои завршуваат на -ар: калибар - калибри, метар - метри, кадар - кадри, кедар - кедри, катастар - катастри, литар - литри, одар - одри, октаедар - октаедри, оркестар - оркестри, тигар - тигри, театар - театри, вепар - вепри, педијатар - педијатри, семестар - семестри, регистар - регистри, цилиндар - цилиндри, центар - центри.
Кај повеќето именки кои завршуваат на -ар во множинските форми не доаѓа до испуштање на вокалот -а, туку само се додава множинската наставка:авијатичар - авијатичари, булевар - булевари, весникар - весникари, ветеринар - ветеринари, декар - декари, јаничар - јаничари, коментар - коментари, мемоар - мемоари, кулоар - кулоари, мандатар - мандатари, политичар - политичари, радар - радари, репертоар - репертоари, рицар - рицари.
Испуштање на вокалот оКај именките лакот и нокот (во разговорниот јазик лакт, нокт) се испушта вокалот о од крајниот слог при додавање на множинската наставка:лакти, нокти: (Собра сили и одново тргна да лази, да се влечка на лакти и по колена... (П.А. С); Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки; заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив... (СЈ,Т)).
Именки што завршуваат на -олИспуштање на вокалот о се јавува и кај некои именки што завршуваат на -ол: јазол - јазли, агол - агли, жезол - жезли, жегол - жегли: (Малите бројаници најчесто имаат 33 јазли, кои го означуваат бројот на годините на Христос. (ТМ); Седеше во еден од аглите на салонот... (КЧ,Ц)).
Меѓутоа, кај некои именки вокалот о се чува: апостол-апостоли, глагол - глаголи, идол - идоли, монопол - монополи, симбол - симболи.
Кај именката сокол можни се и двете множински форми: соколи и сокли.
Именки што завршуваат на -окВокалот о од завршокот -ок (во старословенскиот ькъ) најчесто се чува во речиси сите множински форми: вресок - вресоци, остаток - остатоци, , писок - писоци, почеток - почетоци, поток - потоци, прашок - прашоци, притисок - притисоци, сведок - сведоци.
Вокалот о се губи само кај следниве три именки на -ок: опинок - опинци, потомок - потомци, предок - предци: (...прогонети дека пашата го достигнало проклетството на неговите предци... (ИТ,П); ...манастирскиот пес безволно им ги душкал опинците. (СЈ,Т); Германија дава стипендии на потомците на жртвите на нацизмот. (Вест)).
Множинската форма од именката добиток е добици. Во Речникот (тритомниот) (Димитровски и др., 1986) за оваа именка е дадено следново објаснување: stoka, domaća živa stoka, односно за множинската форма: krupna domaća stoka (konji, volovi, kravi). Тоа значи дека е погрешна употребата на оваа именка, а и на изведената множинска форма добитоци со значење ’нешто што се добива‘. Ова се потврдува и со толкувањето на зборот премија во Лексиконот (Ширилова, 2001): „4. главна добивка во лотаријата“. Исто така и во Српскохрватско-македонскиот речник (Милошев и др. 1989), српскохрватскиот збор згодитак се објаснува на следниов начин: „zgoditak m. погодок; добивка f. [glavni zgoditak главна добивка]“.
ЗАКЛУЧОК
Нашиот заклучок е резултат на нашето истражување и на нашата анализа, но и на другите проучувачи на оваа проблематика кои се цитирани во текстов. Притоа можеме да кажеме дека станува збор за исклучително сложено прашање во македонскиот јазик за чие објаснување секако треба да се имаат предвид и формите во старословенскиот јазик. Во иднина, секако, треба да се посвети внимание на овие форми во македонските дијалект.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

- Димитровски, Т. и други (1986). Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања. Македонска книга, Скопје
- Конески, Б. Историја на македонскиот јазик. Култура, Скопје
- Конески, Б. (1971). Јазикот на македонската народна поезија. Македонскаакадемија на науките и уметностите, Скопје
- Конески, К (1999). Правописен речник на македонскиот литературен јазик.Просветно дело, Скопје
- Корубин, Б. (1976). Јазикот наш денешен, книга втора. Библиотека„Литературен збор“, Скопје
- Милошев, Ѓ. и др. (1989). Српскохрватско-македонски речник (третофототипско издание). Македонска книга, Просветно дело, Скопје
- Ширилова, Б. (2001). Голем лексикон на странски зборови и изрази. Топер,Скопје